Час 11. Наставна единица :Органи во телото(стр.35,36,37,38-учебник и стр.12 и 14 -работна тетратка)
Пред да се запознаеме со органите на нашето тело да се потсетиме за скелетот на човекот и како се именуваат коските во него
Што треба да знаеш за оваа наставна единица?
1.Кои се главните органи во телото на човекот
2.Каде се наоѓаат во телото на човекот(глава,граден дел или абдомен)
3.Да ја знаеш точната местоположба и нивен изглед и тоа да умееш да го примениш на модел.
4.Да знаеш во кои органски системи припаѓа секој од главните органи.
ТАБЕЛА_-ОРГАНСКИ_СИСТЕМИ.png | |
File Size: | 13 kb |
File Type: | png |
Час 12. Наставна единица :Дигестија, екскреција, апсорпција
На телото му е потребна енергија за остварување на сите животни процеси.Освен тоа му се потребни суровини за растење и за обновување.Енергијата и потребните суровини се наоѓаат во нашата храна.
Варењето на храната или нејзина ДИГЕСТИЈА е процес на внесување на храната и нејзино разложување до најситни делови.Потоа тие најситни делови од храната преминуваат во крвта која ги разнесува низ целото тело.
Деловите на телото кои ја примаат и разложуваат храната го сочинуваат системот за варење

.
Тие делови се Органи за варење
Органите на системот за варење можат да се поделат на две групи:
1.Дигестивен тракт, во чиј состав влегуваат: усна празнина, голтка, хранопровод, желудник, тенко црево и дебело црево. Во усната празнина храната се сече со забите и со џвакање преминува во мека каша која со помош на плунката станува леплива и лизгава и така постепено се голта.Изџваканата храна се потиснува во хранопроводот и потоа влегува во желудникот. Желудникот е едно мускулесто кесе кое може да се растегнува и може да прими околу три литри храна и течност.Тој ја размешува храната со своите јаки сокови за варење претворајќи ја во ситни парчиња. По должината на дигестивниот тракт се извршуваат двата основни процеси дигестија(варење) и ресорпција(впивање или апсорпција на хранливите материи кои се добиваат со дигестија на храната, преку цревните ресички во тенкото црево).Во дебелото црево се врши апсорпција на вода , а недигестираните материи се исфрлаат од организмот преку аналниот отвор.
2.Дополнителни органи, кои учествуваат во процесите на дигестија преку своите производи што ги излачуваат во дигестивниот тракт преку канали. Овде спаѓаат плункови жлезди, црн дроб и панкреас. Црниот дроб со својот сок -жолч го помага варењето на мрсната храна.
Стручен назив за ЖЕЛУДНИК е GASTER
Пример каде што се користи овој стручен назив:
" Имаме пациент со ГАСТРИЧЕН улцер. Мора да се направи операција на желудникот." Стр.53
Стручен назив за ЦРН ДРОБ е HEPAR .

"Имаме пациент кој има проблеми со црниот дроб.Тој има хепатит Ц и инфекција на ХЕПАРОТ ." Стр.53

- Црниот дроб покрај тоа што помага во варењето на храната тој создава и ХОРМОНИ (важни материи за контролирање на телото) и отстранува штетни хемикалии од телото (отрови)
- Црниот дроб е врска меѓу дигестивен и циркуаторен систем.
- Покрај секојдневните називи за главните органи се користат и стручни називи.
Стручен назив за ЖЕЛУДНИК е GASTER
Пример каде што се користи овој стручен назив:
" Имаме пациент со ГАСТРИЧЕН улцер. Мора да се направи операција на желудникот." Стр.53
Стручен назив за ЦРН ДРОБ е HEPAR .
Пример каде што се користи овој стручен назив:
"Имаме пациент кој има проблеми со црниот дроб.Тој има хепатит Ц и инфекција на ХЕПАРОТ ." Стр.53
Час 13 Наставна единица :Екскреторен систем
Што треба да знаеш?
1.Системот за излачување се нарекува ЕКСКРЕТОРЕН СИСТЕМ
2.Него го сочинуваат бубрезите,мочоводните канали и мочното меурче
3.Бубрезите се парни органи кои се наоѓаат во слабинскиот дел(грбниот дел од стомачната празнина) , имаат темноцрвена боја и облик на грав
4.Водата како и храната ги внесуваме низ усната празнина и како и хранливите материи така и таа се ресорбира преку тенкото црево во крвта. Оваа течност со растворени хранливи материи во неа, крвта ја носи во бубрезите. Во бубрезите се врши филтрација на крвта заедно со течностите и материите што таа ги носи со себе. Како филтрат излегува вода заедно со штетни материи: уреа и амонијак. Водата, уреата и амонијакот ја сочинуваат мокрачата или урината која оди низ мочоводите, се собира во мочен меур и се исфрла преку мочен канал.
5.Стручен назив за бубрег е REN ,па оттука соодветно за бубрежна инфекција би рекле ренална инфекција.
Пример каде што се користи овој стручен назив:
"Имаме пациент со РЕНАЛНА инфекција. Неговите бубрези откажуваат." Стр.53
Час 14 Нервен систем -МОЗОК
Што треба да знаеш?
1.Во кој дел од телото се наоѓа мозокот (ГЛАВА)
2.Дека черепниот мозок се наоѓа во черепната празнина и тој е обвиткан со обвивки и течност, а е заштитен и со коските од черепот.Мозочната течност е бистра течност и една од нејзините функции е да го заштити мозокот од потреси.
3.Да ги именуваш деловите на мозокот и да умееш да ги препознаеш на графика
-мозочно стебло(кое го чинат продолжениот мозок,мозочниот мост и средниот мозок)
-мал мозок
-меѓумозок
-голем мозок
4.Да знаеш дека големиот мозок се состои од две мозочни хемисфери,лева и десна,кои се поврзани со мозочна греда -КОРПУС КАЛОСУМ
5.Да ги знаеш следните функции на деловите од мозокот:
-мозочното стебло ги конролира дишењето и отчукувањето на срцето
-средниот мозок е одговорен за сеќавање и емоции
-корпус кaлосум испраќа пораки меѓу двете страни од мозокот
-во хемисферите на мозокот се прави обработка на информации добиени од сетила,планирање,движење и друго.

6.Латински назив за мозок e CEREBRUM
ВО ИНТЕРАКТИВНАТА ИГРА МОЗОК НАЈПРВО ИМАШ ДА ПРОСЛЕДИШ ДЕМОНСТРАТИВНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА ПОЛОЖБИТЕ НА ДЕЛОВИТЕ ОД МОЗОКОТ КОИ ТРЕБА ДА ГИ НАУЧИШ, А ПОТОА СЛЕДИШ ИГРА ВО КОЈА САМОСТОЈНО ТРЕБА ДА ГИ ОТКРИЕШ МЕСТОПОЛОЖБИТЕ НА ТИЕ ДЕЛОВИ ОД МОЗОКОТ
Час 15 Нервен систем
Што треба да знаеш?
1.Што го сочинува нервниот систем?
2.Која е неговата улога во нашето тело?
3.Како дознаваме за промените во нашето тело и за случувањата во надворешната средина?
4.Што подразбираме под поимот реакција односно чувствителност?
5.Да знаеш да претставуваш податоци во табела и на столбест дијаграм.
?1.Нервниот систем го сочинуваат черепниот ,'рбетниот мозок (централен нервен систем) и мрежа од нерви што се наоѓаат во сите делови од телото(периферен нервен систем-нервни влакна кои се простираат до секој орган, испраќаат информација за дразба до мозокот и враќаат наредба за извршување реакција до соодветниот орган.)
2.Улога на нервниот систем е
-да ги усогласува функциите во организмот, -да управува со сите наши волеви дејства
-да го регулира автоматското функционирање на организмот(како работа на срцето,дишење и др.),
-да ги одржуваме врските со надворешната средина (гледаме,слушаме,чувствуваме допир,топло,ладно итн.)
-да правиме интелектуални активности(размислуваме,помниме)
3.За промените во внатрешноста на нашето тело (глад,жед,болка,замор),а и за промените во надворешната средина дознаваме преку сетилните нерви кои ги пренесуваат дразбите до мозокот.Дразбите од надвор(топло ,ладно,светлина и др.)се прнесуваат до мозокот каде што е јавува чувство или реакција.За да ги примиме тие дразби од надвор ние имаме сетилни оргни за вид,слух ,мирис,вкус,допир.
Ако се изгориме на жешка рингла ние веднаш ја тргаме раката.Зошто? Што се случи? Најпрво завршетоците од нервите во раката беа надразнети од жешката рингла и таа дразба по пат на нервен импулс беше испратена до мозокот .Во мозокот се јави чувство и потоа реакција, т.е мозокот праќа сигнал-наредба до мускулите во раката да се тргни прстот од жариштето.Таа способност на организмот да одговори на надворешните дразби се нарекува чувствителност.

АКТИВНОСТ НА ЧАС ОД КОЈА СЕ СОГЛЕДУВА БРЗИНАТА НА РЕАКЦИЈА НА НЕРВНИОТ СИСЕМ
Во примерот погоре реакцијата на организмот се случува во дел од секундата, што укажува на тоа дека нервниот систем работи со огромна брзина.Таа реакција , а и реакцијата на организмот во други ситуации не е исто брза,но исто така и реакцијата на различен организам во исти услови би била различна. Значи брзината на реакција е различна кај сите луѓе.
За да го согледаме тоа можеме да изведеме едноставен експеримент.
За таа цел потребен ни е линијар од 30см.
• Ученикот чија брзина на реакција ќе ја испитуваме треба да ги постави палецот и показалецот од двете страни на линијарот/картонот на неговата долна страна. Тие не треба да го допираат линијарот.
• Ученикот кој го прави испитувањето го држи линијарот на горната страна и го пушта линијарот (без предупредување), а ученикот испитаник треба да се обиде да го фати што е можно побрзо.
• Се мери растојанието на линијарот што има поминато пред да биде фатен линијарот.
•Се прават 3 повторени мерења и се пресметува просекот на секој ученик (активност поврзана со математика).Пр.(20см+15см+ 22см)/3=57см/3=19см
• Учениците ги запишуваат податоците во табела и во графикон со столпчиња.На хоризонтална оска се одбележуваат имињата на учениците ,а на вертикалната оска се нанесува просекот на растојанието за секој ученик.
•Дали времето на реакција се менува со староста?
Домашна задача
Повторете го експериментот со браќа/сестри, родители, баби и добиените податоци претставете ги во табела и столбест дијаграм во милиметрска хартија

Гратис :) игри!!!! Повелетееее!
Час 16 Респираторен систем -систем за дишење
Што треба да знаеш?
1.Што го сочинува респираторниот систем
2.Што е дишење
3.Што вдишуваме , а што издишуваме
1.Респираторниот систем или системот за дишење е изграден од
-дишни патишта и
-дишни органи (бели дробови).
Дишните патишта се простори низ кои кои влегува воздухот во белите дробови. Дишните патишта се : носната празнина, грлото, гркланот, дишникот и двете дишнички гранки (бронхии). Во носните празнини воздухот се прочистува, затоплува и навлажнува. Преку грлото воздухот влегува во гркланот, кој е предниот дел на дишникот, и оттаму низ дишникот и дишничките гранки навлегува во белите дробови.
2.Дишење е процес на размена на гасови меѓу организмот и атмосферскиот воздух.
3.Преку процесот на дишење се внесува свеж воздух во телото, од кој се искористува неопходниот кислород , а неискористениот воздух се фрла надвор со издишениот јаглероден диоксид. Главни делови на респираторниот систем во кој се апсорбира воздухот се белите дробови. Кислородот од белите дробови преминува во крвта преку која се разнесува до сите делови на телото.Ослободениот јаглероден диоксид од нашето тело е отпаден гас чие задржување би било штетно за нас.Тој од сите делови на нашето тело каде што се создава преку крвта се пренесува до белите дробови преку кои и се исфрла.
Научен назив за белодробен е ПУЛМОНАЛЕН

Час 17 Циркулаторен систем-срце
Што треба да знаеш?
1.Што го сочинува циркулаторниот систем
2.Која е функцијата на срцето како главен орган
3.Што е пулс,како се мери,кои се негови нормални вредности и од што зависи
4.Кои се можни здравствени проблеми со срцето и циркулаторниот систем и некои од можните начини на лекување при појава тие здравствени проблеми
5.Научни ,стручни термини при опис на здравствени проблеми поврзани со овој органски систем.

1.Циркулаторниот систем (или преносен систем) го сочинуваат:
а.срцето
б.крвните садови (артерии и вени)
в.крвта
2.Срцето е мускул кој пумпа крв низ крвните садови
Артерии се крвни садови низ кои се пренесува крвта богата со кислород до сите делови на телото. Најголемата артерија во нашето тело ја викаме АОРТА.
Вени се крвни садови кои ја пренесуваат крвта со јаглероден диоксид од сите делови на нашето тело до срцето.
Крвта со јаглероден диоксид што се враќа во срцето,срцето ја пумпа во белите дробови каде таа се обогатува со кислород и повтрорно се враќа во срцето. Срцето обогатената крв со кислород преку артерии ја пумпа во сите делови на нашето тело
Срцето е шуплив мускулест орган изграден од две преткомори и две комори. Меѓу преткоморите и коморите има отвори на кои има залистоци кои служат како вентили за отварање и затварање. Залистоците овозможуваат крвта да поминува само од преткомора во комора. Кога работи срцето тоа постојано се стега и отпушта при што се врши полнење празнење и потиснување на крвта да циркулира.
(Срцето врши истиснување на крв кога се стега(контрахира)) Вежба На сликата лево пронајди ги десната преткомора, десната комора, левата преткомора и левата комора. Внимавај, на десна страна од сликата се наоѓаат левата преткомора и левата комора, а на левата страна од сликата се наоѓаат десната преткомора и десната комора. На горниот дел од срцето , обележана со црвена боја е прикажана најголемата артерија наречена АОРТА. Кликни на зеленото поле подолу и извежбај за градба на срце преку игра :) |
3.Срцето ја пумпа крвта со висок притисок така што таа стигнува и до главата наспроти силата на гравитација ,но и надолу во телото.Ова пумпање може да се почувствува ако се стави прст на внатрешноста на рачниот зглоб или странично на вратот. Пулсот е мерка за работата на срцето бидејќи прку него добиваме информации за бројот на отчукувња на срцето во минута . Кога човек седи мирно,тој број на отукувања е од 60 до 80.Пулсот е повисок после физичка активност-вежбање.
Покрај опипување на пулсот отчукувањето на срцето можеме да го провериме со помош на стетоскоп или со гледање на графички приказ на ЕКГ машина.

|
СТЕТОСКОП
|
ЕКГ
|
4.Проблеми со срцето можат да бидат
- Висок крвен притисок што може да предизвика прскање на крвните садови
- Стеснување и блокирање на крвните садови во срцето што може да предизвика срцев удар
- стеснување и блокирање на крвните садови во мозокот што може да доведе до мозочен удар
- со помош на лекови кои ќе го намалат крвниот притисок
- проширување на крвните садови со операција
- трансплантација
5. Латински назив за срце е COR
Термин кој го користат медицинските лица за проблем со срце е КАРДИЈАЧЕН.
Пример:
Имаме пациентка која закрепнува од КАРДИЈАЧЕН застој.Таа мора веднаш да биде поврзана на монитор на срце