Час 23. Повторување за струјни кола
Што треба да знаеш ?
1.Што е струјно коло(од кои компоненти е сочинето)
2.Што е батерија?
3.Што може да биде потрошувач?
4.Да дефинирш што се електрични спроводници ,а што електрични изолатори и да наведуваш примери на електрини спроводници и изолатори и нивна примена.

Час 24. Електрични спрроводници и изолатори
Металите се користат за изработка на кабли и жици .
Материјалите кои се користат за правење жици треба да бидат долготрајни, да
можат да се растегнуваат ,влечат за да се оформи жица.
Исто така треба изработката на жици да биде ефтина.
Пластиката се користи за обложување на жици и за препокривање на штекери и прекинувачи

Подготви се за :
- Изработка на постер за безбедност од електричната енергија и нејзино штедењe (ЕКО) во групи од мешан етнички состав.Доколку нема ученици од друг етникум преку google translate учениците прават превод на ЕКО пораките за штедење на ел.енергија.
- На постерот да бидат идентификувани материјалите како спроводници или изолатори.Размислете кои електрични апарати ги има во училиштето или во домот?Како тие апарати се безбедни за користење иако во нив протекува струја?
Покрај металите како спроводници се јауваат и некои неметали: ГРАФИТ,потоа ВОДА ЗА ПИЕЊЕ. МОРСКА ВОДА.
Спроводниците на ел.енергија се разликуваат по свјата способност да спроведуваат ел.енергија.Така што разликуваме подобри и полоши спроводници. Во табелата погоре можете да увидите кој од спроводницците што се дадени се подобри ,а кои полоши спроводници.
Но за да најде практична примена некој спроводник не е доволно да биде само добар спроводник туку и ефтин и да може да се извлекува во жица.Најдобар и најчесто користен спроводник е бакарот.Исто така добри спроводници се ЧЕЛИКОТ(легура на железото), златото,среброто и железото.

Кога електричните спроводници се голи
(неизолирани) се држат над земјата , прицврстени
преку електричните изолатори на соодветни столбови (слика1.1),тогаш зборуваме за (далекуводи).Надземните кабли поврзуваат домови или други згради со главната електрична мрежа.Алуминиумот е најдобар за надземни кабли бидејќи евтин и цврст и може да се извлече во жица.
Ако пак ,спроводниците се изолирани , заштитени на специјален начин и наменети за полагање во земја ,тогаш станува збор за кабелски водови,или скратено кабли

Јачината на електричната струја се мери со помош на направа наречена АМПЕРМЕТАР,кој го измислил францускиот научник Андре Мари Ампер. Симбол за мерната единица е големата буква А. Колку е посилна струјата толку е поголема бројката а амперметарот. Промена на јачината на светлината од светилката која ни е потрошувач во колото можеме да користиме апликација на мобилен телефон Lightmeter |
Час 25,26,27,28. Промени во струјно коло-фер тестирање
(часови за истражување во кои ќе правиме струјно коло во групи ,но ќе правиме и промени во тоа струјно коло,како
-додавање на светилки,
-додавае на батерии,
-зголемување на должина на спроводникот ,
-промена на спроводници со разлини дебелини по избор на групата
и притоа ќе ја следиме промената на светлината на светилката во тоа коло преку нејзино мерење со апликација на мобилен телефон- lightmeter.)
Пред да правиме тестирање што ќе се случи со светлината на светилката во едно коло ние треба да разгледаме какви промени во тоа коло можеме да правиме,а да тие промени влијаат на промена на светлината на светилката.
Како што е погоре наведено можеме да менувме спроводници ,да додаваме светилки или батерии , но треба да знаеме дека секогаш промените ги правиме една по една , за да го согледаме ефектот од секоја на светлината на светилката.
При истражување или тестирање за да нагласиме што ќе менуваме ,а што ќе мериме и што ќе одржуваме константно (непроменето) креираме фер тест.
Фер тестот содржи податоци што ќе ни биде НЕЗАВИСНА ПРОМЕНЛИВА (она што ние ќе го менуваме), што ќе ни биде ЗАВИСНА ПРОМЕНЛИВА (она што ќе го мериме) и што ќе ни биде КОНТРОЛНА ПРОМЕНЛИВА( она што ќе може да го менуваме и да влијае на светлината на светилката ,но ние не го менуваме туку го држиме константно) при тестирањето.

Доколку ја менуваме должината на спроводникот ,тогаш тоа ќе ни биде независна променлива , а светлината на светилката ,која ќе ја мериме со апликацијата lightmeter ни е зависна променлива.Бројот на светилки, дебелината на спроводникот,бројот на батерии, ќе ни бидат контролни променливи ,бидејќи тие не ги менуваме , а ги држиме под контрола .
Резултатите од мерењето ги претставуваме во табела
Резултатите од мерењето ги претставуваме во табела
Потоа резултатите се претставуваат во график .(На хоризонтална оска се нанесуваат вредностите од независната променлива , а на вертикалната оска зависната променива.
УПАТСТВО_за_фер_тест.doc | |
File Size: | 40 kb |
File Type: | doc |
Дали знам да правам фер тест?
1.Знам дека независна променлива е нешто што можеме ние да го менуваме и да влијае на она што го мериме
2.Знам да одредам независна променлива во фер тест.
3.Знам што е зависна променлива(дека е она што се менува и го мериме со менување на независната променлива).
4.Знам дека контролни променливи се оние нешта кои можат да се менуваат и да влијаат на зависната променлива но ние ги одржуваме константни.
5.Знам да ги претставам податоците во табела.
6. Знам податоците од табела да ги претставам на столбест дијагра.
По долу дадената чек иста провери дали знаеш да правиш фер тест!
Чек_листа_за_фер_тест.docx | |
File Size: | 12 kb |
File Type: | docx |
Еве како изгледа правилно поврзано струјно коло
Градба на една сијалица
Правилен начин на поврзување на батерии
Размисли зошто овие струјни кола нема да работат
Едно правилно поврзано струјно коло може да се претстави и со вакви илустрации:
Но истото ова коло кое содржи две сијалички една батерија(ќелија) и спроводници може да се претстави со помош на симболи за секој елемент од колото во таканаречени дијаграми или шеми на струјни кола.Еве како би изгледало ова струјно кола претставено со помош на симболи:
Зошто ни е потребен ваквиот начин на претставување на струјните кола?
Затоа што:
1.Се поуредни и полесни за следење од самата илустрација(слика) на истото струјно коло
2.Симболите се исти за цел свет,така што независно на кој јазик зборува еден човек може да го прочита шематскиот приказ на струјно коло
За да можете струјните кола да ги претставувате на ваков начин е потребно да ги научите симболите за основните елементи на струјното коло.

Батеријата создава електрична енергија како резултат на реагирање на хемикалиите кои се ноѓаат во неа.Батеријата е составена од делови наречени ќелии.Една батерија може да се состои само од една ќелија и од повеќе ќелии . Тогаш кога батеријата се состои само од една ќелија батеријата ја нарекуваме ќелија и ја бележиме во шема со симболот даден на сл.1. На сл.1 можете да го видите симболот за ќелија кој се состои од една кратка вертикална дебела црта и од една подолга потанка црта паралелна на подебелата кратка црта.Подебелата кратка црта е негативниот крај ,а подолгата танка црта позитивниот крај на ќелијата.
На Сл.2 е прикажан симбол за батерија кој изгледа како два симболи за ќелија поврзани со испрекината линија
На Сл.2 е прикажан симбол за батерија кој изгледа како два симболи за ќелија поврзани со испрекината линија
Кога правите шематски приказ на струјно коло во кое има повеќе од една батерија ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ да се обрне на начинот на поврзиување,т.е треба да бидат поврзани спротивните краеви (плус со минус)
Постојат два начини на поврзување на потрошувачите (сијаличките) во струјното коло:
сериско-кога потрошувачите се поврзани во една линија како на сл 3 и сл.3а или
паралелно- кога потрошувачите се поврзани паралелно еден на друг сл.4 и сл.4а
сериско-кога потрошувачите се поврзани во една линија како на сл 3 и сл.3а или
паралелно- кога потрошувачите се поврзани паралелно еден на друг сл.4 и сл.4а