Тема 2Г: 6.7. Сили и движење
НАСТАВНИ ЕДИНИЦИ ОД ОВАА ТЕМА СЕ:
1.Запознавање со сили и движење
2.Силата на гравитација и прикази на сили
3.Сили и енергија
4.Повторување за сили, прикази на сили и енергија
5.Триење
6.Mерење на триењето
7.Повторување за сили и триење
8.Отпор на водата – лебдење и тонење
9.Отпор на воздухот
10.Отпор на воздухот – фер тестирање 1
11.Отпор на воздухот – фер тестирање 2
12.Отпор на воздухот – фер тестирање 3
13.Отпор на воздухот – фер тестирање 4
14.Повторување за сили и движење

Час 59.Запознавање со сили и движење
Што е сила?
Можете ли да наведете пример за употреба на сила?
. . .
Еве неколку примери каде што се употребува сила:
-Применуваме сила кога придвижуваме играчка автомобил со нејзино туркање;
-Применуваме сила кога треба да ја намалиме брзината на нашиот велосипед;
-Применуваме сила кога сакаме да ја промениме насоката на движење на една фудбалска топка;
-Применуваме сила кога сакаме да го моделираме пластелинот ;
Значи силата може да предизвика предметот да се придвижи ,да се забрза,забави или да предизвика промени на формата на некое тело (прирмерот работа со пластелин).
Всушност секоја сила ТУРКА или ВЛЕЧЕ.
Во горенаведените примери нешто туркаме или влечеме ,т.е притоа употребуваме сила.
Можете да забележите дека за употреба на силите во дадените примери е неопходен директан контакт.
Со каква сила се привлекуваат мали железни клинчиња со магнет?(магнетна сила)
Дали е потребен директен контакт на магнетот со железните клинчиња за да ги привлече?(не)
Со каква сила се привлекуваат хартиените ливчиња со чешел кој претходно сме го протриле во косата?(електростатска сила)
Во последните два примери не се гледа контакт но дејство на сила постои.
На сличен начин треба да се сфати и ГРАВИТАЦИЈАТА како сила на привлекување меѓу две тела.
СИЛА е физичка величина како што е физика величина и должината и температурата и маста и многу други.Секоја физичка величина се мери со помош на некаков инструмент и се изразува во соодветна единица мерка.
Пример:
-ДОЛЖИНА се мери со помош на инструмент МЕТРО и се изразува во единица мерка МЕТАР.(m)
-ТЕМППЕРАТУРА се мери со помош на инструмент ТЕРМОМЕТАР и се изразува во во единица мерка СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ
-МАСА (е количество на материја) се мери со инструмент ВАГА и се изразува во единица мерка КИЛОГРАМ(kg)
СИЛА e физичка величина која се мери со инструмент ДИНАМОМЕТАР,а се изразува во единица мерка ЊУТН (N)
ГРАВИТАЦИЈА Е СИЛА со која предметите се привлекуваат меѓусебно.Jачината на таа сила на привлекување зависи од:
-масата на предметите, колку е поголема масата толку е поголема силата;
-и од меѓусебната оддалеченост – колку се пооддалечени, толку е помала силата
Значи !
СИЛАТА НА ГРАВИТАЦИЈА Е ПОГОЛЕМА КОГА МАСАТА НА ТЕЛАТА Е ПОГОЛЕМА.
Силата на гравитација е ЗАБЕЛЕЖЛИВО ГОЛЕМА кај небесните тела.
Земјата има голема маса , па затоа ГРАВИТАЦИЈАТА на Земјата е забележливо голема.
Привлечната сила на гравитација дејствува од центрите на двете тела меѓу кои таа се јавува.
Луѓето кои стојат на земјината површина, силата на гравитација ги привлекува кон центарот на Земјата.Како резултат на таа привлечна сила, независно каде стоиме на Земјата, не можеме да паднеме од неа.
Таа невидлива сила на Земјата (гравитациона сила) ги влече сите предмети кон Земјата и не дозволува водите од океаните ,морињата, реките ,езерата да се растурат во вселената.
(Прочитај во учебникот на стр.130,131 и научи како научникот Исак Њутн ја открил силата на гравитација и како го објаснил движењето на планетите околу Сонцето и движењето на Месечината околу Земјата.)

Поради тоа што Месечината е помала, таа човекот го привлекува со помала гравитациска сила за шест пати.(Попрецизно гравитацијата на Месечината изнесува 17% од она што е на Земјата).Ист човек не се чувствува исто тежок на Земјата и на Месечината. На Месечината ќе се чувствува полесен поради тоа што на него делува силата на гравитација на Месечината која е помала од силата на гравитација на Земјата бидејќи Месечината има помала маса од Земјата. Ова, исто така, значи дека иако масата на човекот останува иста, тежината ќе му се менува , односно тежината на Месечинта ќе му биде помала , а на Земјата поголема.
Да резимираме!
Маса и тежина не е исто!!!
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Масата е величина која е поврзана со количеството на материја.
Маса е количество на супстанција или на честички на нештото.(стр 132)
Масата се мери со вага во килограми (kg)
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ТЕЖИНАТА на телата е СИЛА со која телата притискаат на подлогата која мирува во однос на Земјата.
Тежината е особина на телата која се јавува заради тоа што тие тела ги влече надолу Земјината гравитација.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тежината зависи од масата на телата.
Како зависи?
-Колку поголема маса има едно тело толку е поголема неговата тежина.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тежината, како и секоја сила, се мери со инструментот ДИНАМОМЕТАР во Њутни (N) .
ДИНАМОМЕТАР-инструмент за мерење на сила
Час 60. Силата на гравитација и прикази на сили(стр.138,139,141)
Пуштаме предмет(топче) да падне на подот.
Зошто паѓа на земја, на подот? Истиот предмет го пуштаме на маса да падне . Зошто не продолжи да паѓа? Цртаме слика на предметот.Ја прикажуваме силата на гравитација (тежината ), која предизвикува предметот да паѓа, со стрелка , а воедно со стрелката се покажува и насоката на дејствување на силата на предметот . |
ЗАДАЧА!
Смислете три примери од секојдневниот живот каде што се избалансирани(изедначени по големина ,а спротивни по насока) силата на тежата и силата на држење/потисок и за истите да нацртајте дијаграм на сили.