Наставни единици од оваа тема:
1.Влијание врз животната средина(Сочувување на биодиверзитетот-еко стандард)
2.Позитивни ефекти – национални паркови 1
3.Позитивни ефекти – национални паркови 2
4.Ѓубре (ОТПАД-еко стандард)
5.Ефект на стаклена градина и климатски промени
6.Повторување за влијанието на човекот врз животната средина
7.Намали, повторно употреби, рециклирај
8.Расфрлање отпадоци
9.Штедење на енергија 1
10.Штедење на енергија 2 (Штедење на енергија –еко стандард)
11.Грижа за животните
12.Повторување за грижата за животната средина

Час 33. Влијание врз животната средина
па та, Прочитај на стр.78,79,82, 84, 85
Што се очекува да знаеш?
1.Што се подразбира под животна средина ,а што живеалиште?
(-Животна средина е се што не опкружува.
-Живеалиште е место каде што живее еден жив оргнизам(растение или животно).Живеалиште може да биде една ледина(на која живеат разни видови животни и вегетираат разни растителни видови),една бара,едно езеро,еден парк,една грмушка,шума итн.)
2.Како луѓето негативно можат да влијаат на животната средина?
Луѓето со цел да ги задоволат своите потреби преку своите активности делумно или целосно уништуваат некои живеалишта или ги променуваат условите во нив.Подолу се наведени накои од таквите активности.
а.Сечење на шумите за огрев или граѓа.
Притоа
-се уништува природното живеалиште на многу животни кои живеат таму,
-се намалува бројот на дрва кои ни се потребни за прочистување на воздухот,
-се предизвикуваат поплави во пониските региони од исечента шума заради тоа што нема дрва да ја упиваат дождовата вода,
-настанува ерозија/разорување и одронување на земјиштето кое претходно дрвата цврсто го држеле со своите корени, па доаѓа и до однесување на плодната и ровка почва од тоа место и неможност за растење на нови растенија
-се намалува влажноста на воздухот (климата станува посува) итн.
б.Косење на ливадите или обработка на земјиштето и негово претворање во обработлива површина.
в.Сушење на мочуришта со цел создавање на плодна и обработлива површина.
г.Градење на свои живеалишта , патишта, фабрики кои дополнително ја загадуваат околината.
Со градењето им се уништува живеалиштата на некои од живите организми кои го населувале тој простор.
Но и откако ќе се направи тоа самите живеалишта , домовите во кои луѓето се греат на дрва или јаглен,фабриките,електроцентралите кои горат нафта или јаглен, автомобилите кои се движат по патиштата создаваат отпадните гасови,штетни гасови,(јаглероден диоксид,сулфур диоксид,)кои се причина за големата загаденост на воздухот.
Тие гасови се мешаат со облаците и предизвикуаат создавање на кисели дождови кој им наштетува на живите суштества и на предметите.
Последиците од нив се забележливи.

д.Градење на пристаништа и фрлање на пластичен отпад на сред океани.
ѓ.Проширување или менување на текот на речни корита на длабоки и големи реки со цел истите да се претворат во пловни реки
е.Испупуштање на претходно непрочистени отпадни индустриски води во реките ,езерата ,морињата.
ж.Излевање на нафта во морињата од танкерите кои ја пренесуваат до брегот.
з.Фрлање на отпад и создавање на депонии
и др.

Дали каменоломите кои ги користат луѓето за да се снабдат со варовник ,креда и глина како потребни материјали за градба и штетат на животната средина?
Погледни ги сликите и сам заклучи! (Повеќе на стр.84 од учебникот)

3.Постојат организации кои работат на заштита на животната средина.Една од најпознатите е " Светски фонд за природа" или WWF
4.Да знаеш што се подразбира под загрозени видови на живи организми !
(Загрозени видови се видови кои се малубројни и чиј опстанок и постоење се доведени во прашање најчесто заради негативното влијание и невнимание при некои човечки активности со кои директно се уништуваат овие живи организми(лов) или индиректно преку уништување на нивните живеалишта или менување на условите во тие живеалишта)
Стр.80:Бенгалскиот тигар е загрозен вид на животно.Светскиот фонд за заштита на природата ги има преброено овие тигри и нивниот број е 1850. Неговото природно живеалиште се намалува просторно зради луѓето кои го сакаат тој простор за свои потреби. Исто така тој е загрозен заради ловот.
5.Како секој од нас може да помогне во заштита на животната средина?
Прочитај ги петте правила дадени во учебникот по природни науки на стр.79
6.Треба да знаеш како ти би можел да истражиш некое живеалиште!
На што би требало да обрнеш внимание?
Кога истражуваш некое живеалиште внимание треба да се обрати на тоа
-кои растенија и животни ги има таму
-колку растнија и животни има
-како да ги идентификуваш(откриеш) видовите на живи организми
-кои показатели треба да ги евидентираме(под показатели се подразбираат податоци кои зборуваат за бројот на живи организми,податоци за условите на живеење во тоа живеалиште/температура,вода,влажност итн.)
-кои се можни закани за тоа живеалиште
-како може да се заштии тоа живеалиште
Час 34 ,35 Позитивни ефекти, Национални паркови 1,2
Што треба да знаеш?
1.Што се подразбира под поимот национален парк?
2.Зошто постојат?
3.Како се одржуваат?
4.Кои национални паркови ги имаме во Р.Македонија?
5.Да умееш да ги пронајдеш на карта националните паркови во Р.М!
6.Да знаеш по кои карактеристични живи организми се препознатливи?
7.Да ги разбираш и умееш да ги објасниш поимите ФЛОРА,ФАУНА,БИОДИВЕРЗИТЕТ!
8.Да умееш да објасниш зошто е толку важна одржливоста на биодиверзитетот !
9.Да знаеш да нааведуваш некои од правилата што важат во националните паркови и истите да умееш да објасниш зошто конкретно постојат !

Правила и прописи во нациналниот парк Пелистер
За заштита на Националниот Парк Пелистер и неговите природни убавини,
за можат и идните генерации на посетители да уживаат во неговите убавини
треба да се запазуваат и почитуваат следните правила и прописи
Забрането е палење на оган
Забрането фрлање на смет
Забрането употреба на скара
Забрането водење на миленичина
Забранет лов
Забранет риболов
Забрането кампување и ноќевање на отворено и под шатори
Прекршочни санкции за физичките лица
(член 183-а Закон за заштита на природата)
Глоба во износ од 50 евра во денарска противвреднос доколку :
Остава, фрла или испушта отпад во Националниот Парк
Пали оган во Националниот Парк
Фрла отпушоци од цигари во Националниот Парк
Глоба во износ од 60 евра во денарска противвредност доколку :
Се движи надвор од патеката за посетители или на места забранети за посетители
Непримерно се однесува со заштитеното подрачје и притоа не постапува по укажувањата на чуварската служба во Националниот Парк
Се движи со мопед , мотор или моторно возило без дозвола од Управата на Националниопт Парк , вон асфалтен пат во Паркот
Создава бучава или на друг начин ги вознемирува заштитените диви животински видови
Глоба во износ од 70 евра во денарска противвредност доколку :
Не се легитимира на барање на чуварска служба од Националниот Парк
Сече дрва или кине или на друг начин уништува загрозени и строго заштитени видови на растенија во Националниот Парк
Лови , убива или на друг начин уништува загрозени и строго заштитено видови на животни во Националниот Парк

Национален парк МАВРОВО-податоци..docx | |
File Size: | 140 kb |
File Type: | docx |
Домашна задача
Одлучете се во група за еден национален парк да истражувате повеќе за животинските или растителните организми карактеристични за него или видови кои се ендемични и посебно заштитени со закон.
Да се подготвите за нареден час по групи со плакатна хартија , илустрации и друг потребен материјал за изработка на проект за истражуваниот национален парк во РМ на кого ќе бидат претставени дел од неговата флора и фауна , специфични ендемични видови, правила и прописи за нивна заштита и заклучок зошто се толку значајни националните паркови
Одговори на прашањата што треба да знаеш!
1.Национални паркови се региони каде што живеат РЕТКИ ВИДОВИ како и видови кои по својата старост од врмето кога се појавиле се посебно значајни за природата и разновидноста на живиот свет(биодивезитет).Сите национални пакови се ЗАШТИТЕНИ ПРИРОДНИ ЖИВЕАЛИШТА СО ЗАКОН.
2.Oвие НАЦИНАЛНИ ПАРКОВИ постојат како заштитени области за да се заштитат живеалиштата во нив и да се спречи исчезнувањо на дивите животни и природните растителни видови.
3.Националните паркови се одржуваат со почитување на законските прописи и правила со кои се нагласуваат кои активности се строго забранети за поситетлите ,со кои се регулира ловот и риболовот и сечата на дрва и користење на други растителни видови.
4.Во РМ постојат три национални паркови
Пелистер
Маврово
Галичица
5.Пронајди ги трите национални паркови на картата подолу!

6.Карактеристични видови оргнизми за националните паркови во РМ
-За нациналниот парк Пелистер најкарактеристична е МОЛИКАТА како единствен вид на бор во околината.
-Во националниот парк Маврово по течението на Мавровска Река има многу загрозени видови растенија и диви животни како ,македонскиот рис, а во реката Радика кафеава пастрмка и др.видови на риби Рибите е дозволено е да се ловат од почетокот на февруари до крајот на септември затоа што во другите месеци е време кога тие се мрестат- размножуваат
-Во националниот парк Галичица исто така иа повеќе растителни и животински видови кои се карактеристични за таа област.Дивата коза, рисот и мечката на Галичица од цицачите кои се реткост во останатите делови на Европа и големиот и малиот корморан и пеликанот од птиците кои природно го населуваат Преспанското Езеро и островот Голем Град.

7.Флора е РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ
Фауна е ЖИВОТИНСКИОТ СВЕТ
БИОДИВЕРЗИТЕТ се вика разновидноста на растителниот и животинскиот свет
8.Судбината на човештвото е тесно поврзана со биодиверзитетот – разновидноста на животот на Земјата. Биодиверзитетот е од суштинско значење за одржливиот развој и човековата благосостојба.Човекот директно зависи од постоењето на тој биодиверзитет пред се заради неговата прехрана. Тој е од клучно значење за намалување на сиромаштијата .
Повеќе од 3 милијарди луѓе зависат од морскиот и крајбрежниот биодиверзитет, а над 1,6 милијарди луѓе се потпираат на шумите и шумските производи за нивната благосостојба. Уништувањето на живеалиштата и загубата на биолошката разновидност му се заканува на животот на повеќе од 1 милијарда луѓе кои живеат во суви и полусуви предели. Затоа мора да се развијат стратегии за заштита на биолошката разновидност за да се постигне намалување на сиромаштијата и одржлив развој.

Час 36 Ѓубре EKO ЧАС
Брзиот развој на индустријата и зголемената потрошувачка се причина за создавање на се поголеми количини отпад. Околу 80% од отпадот кој се создава е резултат на земјоделските , индустриските и рударските активности.Остатокот од 20 % е отпад создаден од домаќинствата од кој голем дел може да биде повторно употребен или да се преработи (пластика, метл, хартија, стакло, биоразградливи органски материи)
Ефикасното управување со отпад овозможува да се избегне застрашувачката иднина за идните генерации – да бидат затрупани со купишта отпад.
Европската унија вовела строги закони кои се однесуваат на постапувањето со отпад. Отстаранувањето на отпад од депонии не треба да биде без претходна селекција , т.е не треба да се депонираат оние видови на отпад кои можат да се рециклираат.
Што се очекува да знаеш?
1.Какви видови на отпад има?
(хартија,метал,пластика,стакло,органски отпад,електронски отпад,медицински отпад и др.)
2. Како човекот ја загрозува природата од отпадот што го создава?
-На самото место каде што се прави депонија ае загрозуваат живите организми кои го населуваат тој простор.
-Доколку отпадот не се селектира и рецикира и доколку целиот заврши на депонија правиме голема штета на природата,бидејќи депониите се горат ,а притоа се ослободуваат големи количества гасови кои го загадуваат воздухот.
-Отпадните води од индустријата доколку не се прочистуваат во специјални пречистителни станици ги загрозуваат реките ,езерата како живеалишта за многу живи организми ,а со тоа се загрозува и здравјето на човекот кој користи дел од тие живи организми за своја прехрана итн.
3.Да умееш да истражиш , да процениш и да создадеш претстава колку отпад во текот на една година се фрла од твоето училиште или дом !
Да умееш резултатите од твоето истражување да ги дадеш во извештај во кој ќе фигурира прегледно претставување на резултатите од мерење користеќи табеларно и графичко прикажување.
4.Да наведуваш многубројни начини за грижа за околината, преку намалување на количеството одпад како на пример: рециклирање, намалување на потрошувачката на енергија, нерасфрлување отпад, охрабрување на другите да се грижат за околината.
Додатна активност од Зелениот пакет за едукација за животната средина за час "Ѓубре" .
Направете план за намлување, повторна употреба и рециклирање на различни видови на отпад и поставете го како ѕиден постер на соодветно место во училиштето да се промовира со цел да се
примени !

Час 37. Ефектот на стаклена градина и климатски промени
Погледни ја подолу дадената презентација за ЕФЕКТ НА СТАКЛЕНА ГРАДИНА и научи :
1.Што е атмосфера и каков е нејзиниот состав
2.Што се подразбира под поимот ЕФЕКТ НА СТАКЛЕНА ГРAДИНА и како настанува и кои се последиците од ЗАСИЛЕН ЕФЕКТ НА СТАКЛЕНА ГРАДИНА
Ефект на стклена градина е природнен процес на Земјата на задржување на дел од топлината од Сонцето со помош на гасовите водена пареа, јаглероден диоксид,азотни оксиди и метан кои уште и ги нарекуваме стакленички гасови.Таквото задржување на толина овозможува оптимални температури на Земјата за живот.
Објаснување:Сонцето емитува топлински зраци кои ослободуваат само мало количество на толина на Земјината атмосфера (20%) кога минуваат низ неа , а кога ја допираат Земјата таа апсорбира (45%) и потоа повторно ги емитува во вид на термички зраци.Баш овие термички зраци, емитувани од Земјата и термичките зраците рефлектирани од неа ја затоплуваат атмосферата затоа што добар дел од овие зраци кога стигнуваат до стаклените гасови во атмосферата ќе бидат апсорбирани од молекулите на стаклените гасови , при што тие молекули се зареваат и ја враќаат топлината назад кон почвата .
ТОА СЕ НРЕКУВА ЕФЕКТ НА СТАКЛЕНА ГРАДИНА
ЗАСИЛЕН ЕФЕКТ НА СТАКЛЕНА ГРАДИНА е зголемено задржување на термичките зраци кои ги емитува Земјата од страна на стакленичките гасови ,заради зголеменото присуство на тие стакленички гасови како резултат на човековите активности кои придонесуваат тие да се создаваат.Посебно е зголемено количеството на јаглероден диоксид.
ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ е последица на ЗАСИЛЕНИОТ ЕФЕКТ НА СТАКЛЕН ГРАДИНА И и се подразбира како золемување на просечната темпратура на планетата Земја .
ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ довдува до КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ на Земјата.
ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ доведува до големи природни катастрофи (топење на глечерите и полавување на дел од копното ,исушување на реки и воопшто појава на сушни региони, изумирање на живи организми заради промени на условите во живот и др.)
2.Кои гасови во атмосферата се нарекуваат стакленички гасови
(jаглероден диоксид ,водена пареа, метан, азотни оксиди и др.)
3.Кои се факторите кои прават да се промени составот на атмосферата и да настане ЗАСИЛЕН ефект на стаклена градина
4.Како човекот преку своите секојдневни активности да го намали на количеството стакленички гасови и да придонесе за намалување на ефектот на стаклена градина , а со тоа и на глобалното затоплувањње на Земјата

ПРЕЗЕНТАЦИЈА
|
|
На линкот подолу во зелено поле е дадена е- пристапна содржина со инклузивен пристап
Час 38.Повторување за влијанието на човекот врз животната
Час 39. Намали, повторно употреби, рециклирај !
Стр.88,89
Големите количества отпад што ги создава човекот претставуваат проблем кој единствено може да се реши преку ефикасно и правилно управување со него.
Како да го намалиме количетвото отпад кое го создаваме , а завршува на депониите?
Трите начини на кои можеме то да го направиме се дадени подолу!
1.Најдобрро би било да се намали количеството отпад со тоа што ќе намалиме со купувањето. Како?
-да не купуваме повеќе помали пакувања ,туку едно поголемо пакување;
-да носиме платнена торба за пазарување, а не да купуваме најлонски кеси;
-да не купуваме прехрамбени производи во количества кои се премногу за наши потреби па потоа вишокот да заврши како отпад итн
2.Друг начин на намалување на отпадот е преку повторна употреба – повторно користење на предметот со што нема да има потреба предмети да се преработат фабрички во нови предмети. Кои се тие предмети што можеме повторно да ги употребуваме?
-од пластични шишиња може да се направат предмети како саксии,кутија за моливи,касичка пари,вазни итн
-стари автомобилски гуми можат да се употребат како саксии
-искористени палети можат да се употребат за равење на мебел и огради итн

3.Селекција ,собирање и рециклирање , а може и со разделување на предметот на составните делови и правење одново на нов предмет. Што можеме да рециклираме?
-Хартија,метал,пластика,стакло,органски отпад,електронски отпад,текстил
РЕЦИКЛИРАЊЕ Е СОБИРАЊЕ ,ПРЕРАБОТКА И ПОВТОРНА УПОТРЕБА НА ВЕЌЕ КОРИСТЕНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ.
Знакот за рециклирање има три стрелки од кои едната значи собирање,другата преработкa, а третата повторна употреба н матеијалите
Која е придобивката од рециклирањето?
1.Се намалуваат депониите
2.Се намалува потрошувачката на енергија
3.Се намалува потрошувачката на нови суровини
4.Се намалува загадувањето на природата

Пример како можеш да го рециклираш тетрапкот!
Час 40. Расфрлање ѓубре
Што е расфрлање ѓубре? Дали е важно дали расфрламе ѓубре наоколу? Зошто е важно?
• Личи валкано.
• Расчистувањето на отпадот чини пари.
• Привлекува муви и комарци.
• Може да е опасно за луѓето и животните.
• Скршено стакло може да предизвика сериозни повреди.
• Пластичните кеси може да ги задушат домашните животни или миленичињата.
• Ситните диви животни (пр. глувците или кртовите) се заглавуваат во шишињата и умираат од глад.
Направи оригам -цвет на кој под секоја латица-ливче ќе запишеш една добра причина зошто не треба да се расфрлува ѓубре.На линкот подолу има детлен опис како се прави потрбниот оригам.

Домашна задача!
Детектирај проблематични простори во кои најмногу се среќаваат расфрлени отпадоци.
Направи проект за ваквиот проблем во кој ќе се вметнат и фотогрфии како документација на фактичката состојба и ќе се дадат предлог решенија за негово надминување.

Час 41,42. Штедење на енергија 1,2
-
Стр.86,87
Што би требало да знаеш?
1.Да разликуваш и препознаваш форми на енерија кои ги користиме во секојдневието
(топлинска енерија,светлинска енергија,механичка енергија, хемиска енергија,звучна енерија,електрична енергија)
2.Да наведуваш примери на апарати кои користат електрична енергија и кои истата ја претвараат во други облици на енергија
Секоја од горенаведените форми на енегија ја добиваме од различни апарати кои пак работат на електрична енерија.
Пример
-Телевизор,компјутер-.работат на електрична енергија и ја претвора електричната енерија во светлинска, звучна ,топлинска енергија
-шпорет-работи на електричн енергија и ја претвора во топлинска енергија
-фен-работи на електрична енергија и ја претвора во топлинска,звучна и и механичка енергија
3.Каде се произведува електрична енергија и какви извори на енергија постојат?
Електрична енергија се произведува ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ.
ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИТЕ можат да произведуваат електрична енергија со користење на
а. необновливи извори на енергија како нафта, јаглен,гас,нуклеарно гориво
б.обновливи извори на енергија како сончева енерија од сонцето ,еолска енергија од ветерот, хидроенергија од силата на водата,геотрмална енергија од топлите извори на вода.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Електроцентралите кои работат н нафта ,јаглен гас се викаат ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ (ТЕРМОЦЕНТРАЛИ)
Електроцентралите кои користат нуклеарно гориво се викаат нуклеарни електрани
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
(Електроцентралите кои работат на сончева енергија се викаат соларни електрани,
електроцентралите што работат на силата на ветерот се ветерни (еолски) електрани, електроцентралите што работт на силата на водата се хидроцентрали,
а електроцентралте кои работат на геотермални,топли извори на вода се викаат геотермални електрани)
4.Какво влијание има начинот на производството на електрична енергија врз околината!
Која е разликата во користење необновливи и обновливи извори на енергија во однос на заштитат на природата?
Електроцентралите кои работат на необновливи извори на енергија (фосилни горива ) ја загадуваат околината.Согорувањето на фосилните горива(нафта , јаглен, гас ) е придружено со ослободување на гасови кои предизвикуваат создавање на кисели дождови,прашина и други загадувачки материи.
Рударските активности потребни за да се дојде до фосилните горива исто така влијаат на уништување на природните предели. .
Наспроти електроцентралите кои работат на необновливи извори на енергија , електроцентралите кои работоат на обновливи извори на енергија не ја загадувааат околината.Затоа велиме дека тие имаат чисто производство, ,односно еколошко проиводство на електрична енергија.
5.Зошто треба да штетдиме електрична енергија?
Штедејќи енергија , штедиме пари , но и се грижиме за животната средина .
Покрај тоа што необновливите извори штетат, се смета дека и за скоро време ќе се потрошат.
Со штедење на електричната енергија се намалува потрошувачката на горивата (необновливите извори) што служат за нејзино производство ,а со тоа се намалува и загадувањето,т.е гасовите кои се ослободуваат при согорување на тие горива , а придонесуваат за зголемување на ефектот на стаклена градина
6.Како можеме да штедиме електрична енергија?
-Преку исклучување на светилките или апаратите кои работат на електрична енерија кога не ни се потребни
-Преку замена на обичните светилки со штедливи
-Со штедливо користење на топла вода ја намалуваме потрошувачката на електрична енергија
-Со добра термоизолација на домовите ја намалуваме потребата од дополнително загревање на домот трошејќи електрична енергија
-Носење потопла облека во зима наместо додатно затоплување на просториите
Изиграј игра за штедење на електреична енергија на линкот ШТЕДЕЊЕ ЕНЕРИЈА
Во Р. Македонија 69% од електричната енергија која ја користиме е произведена од термоцентрали, а останатите 31% се произведени од хидроцентрали и само мал дел е произведена од ветерници.
-Познати термоцентрали во Македонија се: РЕК Битола, Осломеј Кичево;
-хидроцентрали: Тиквеш, Вруток, Врбен;
-ветерен парк е Богданци со 22 ветерни турбини.
Посети го линкот на ЕЛЕМ и прочитај повеќе за електроцентралите кои ги има во РМ !

Проследи ја подолу дадената презентација за производство на електрична енергија
Производство и штедење на електрична енергија.ppt | |
File Size: | 5270 kb |
File Type: | ppt |
ИНКЛУЗИВЕН ПРИСТАП , Е- ПРИСТАПНИ СОДРЖИНИ ЗА ОБНОВЛИВИ И НЕОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА