НАСТАВНИ ЕДИНИЦИ ОД ОВАА ТЕМА:
1. Локални живеалишта(час 49 )
2. Локални диви животни(час 50 )
3. Синџир на исхрана – потрошувачи (час 51)
4. Синџир на исхрана – произведувачи (час 52)
5. Повторување за синџирот на исхрана 1 (час 53)
6. Взаемни односи кај конкретни екосистеми (час 54)
7. Направете модел на екосистем (час 55)
8. Адаптација и камуфлажа (час 56)
9. Хибернација и селење (час 57)
10. Повторување за синџирот на исхрана (час 58)

Час 49 . Локални живеалишта
Што треба да научиш?
-Како синџирите на исхраната може да бидат искористени за да се претстават односите на исхраната во живеалиштето .
-Да умееш да ги претставуваш со текст и дијаграми односите на исхрана во живеалиштето.
-Да истражуваш и составуваш синџири на исхраната во одредено живеалиште.

Поворуваме
-Што е животна средина ?
(Сè што не опкружува)
- Што е живеалиште ?
(Место каде што живее еден жив организам)
-Со каков жив свет се населени различните живеалишта?/
(Флора-растенија),(фауна – животни), разни микроорганизми ,габи (печурки,квасци,мувли) ,алги.
-----------------------------------------------------------------------
Размислете за некои од локалните живеалишта (ливада, река ,шума) кои живи организми ги среќаваме таму
• Еве на пример ако размислиме кои живи организми живетат во една шума
-Растенија разни, треви, грмушки, дрва...верверички, зајаци, птици, лисици, волци, мечки ....
Дали се некако поврзани?
Се очекува да се досетиш дека тие зависат едни од други во однос на исхраната.
Пример : (растение-трева , зајак ,лисица) .Како се поврзани овие организми во однос на исхраната?
Поврзаноста на живите организми во однос на исхраната се прикажува со на синџир на исхрана.
Таа се претставува со синџир на исхраната со користење на стрелки. На пример:
трева ------> зајак -------> лисица
Секој жив организам во еден синџир на исхрана претставува алка од синџирот на исхрана
Отвори учебник!
• Погледни го синџирот на исхраната во различни живеалишта(стр 108-ливада ,стр 122, шума стр. 124-океан, стр. Што забележувате во врска со нив? Што имаат заедничко?
(се очекува да се досетиш дека
-секој синџир на исхрана може да има повеќе алки,
- и секој синџир на исхрана започнува со растение на копно , со алга или растителенн планктон во вода
-секогаш поголемите ги јадат помалите организми,
- секое животно не се храни само со еден вид на животно или растение т. е животните имаат разновидна исхрана и може да ги изедат многу други животни
-секој жив организам може да претставува храна за повеќе други живи организми
----------------------------------------------------------------------------
Примена на знаења
Игрјте игра на следниот линк https://www.sheppardsoftware.com/content/animals/kidscorner/games/foodchaingame.htm
(Линкот со играта за да можеш да го отвориш или копирај го и пребарај на интернет или преку комбинирано стискање на копчето Ctrl и лев клик со маусот на линкот)
-------------------------------------------------------------------------
Домашна задача : Напишете три синџири на исхрана
Учениците од ОУ„ Елпида Караманди “ да ја пратат својата домашна задачи на mail [email protected]

Час 50 . Локални диви животни
Направете список на локани птици кои можеби би ги виделе во местото каде живеете .
Составете синџир на исхрана за некоја од наведените локални птици. (по потреба може да користат интернет за да се истражи за самата птица со што се храни и кому претставува храна)
.--------------------------------------------
Напиши домашна задача во која ќе има:
1.Најмалку еден , а најмногу три синџири на исхрана во кој влегува нeкоја птица од нашето поднебје
2.Твое размислување како расфрлањето на отпад може негативно да влијае на животните
Учениците од ОУ„ Елпида Караманди “ да ја пратат својата домашна задачи на mail [email protected]
Составете синџир на исхрана за некоја од наведените локални птици. (по потреба може да користат интернет за да се истражи за самата птица со што се храни и кому претставува храна)
.--------------------------------------------
Напиши домашна задача во која ќе има:
1.Најмалку еден , а најмногу три синџири на исхрана во кој влегува нeкоја птица од нашето поднебје
2.Твое размислување како расфрлањето на отпад може негативно да влијае на животните
Учениците од ОУ„ Елпида Караманди “ да ја пратат својата домашна задачи на mail [email protected]
Час 51.Синџири на исхрана -потрошувачи (стр.106,107,108,109)
Час 52.Синџири на исхрана -произведувачи
(стр.110,111,115,112,113,114,116,117)
Проследи ги подолу дадените едукативни видео материјали и ќе разбереш
-што е синџир на исхрана;
-што е мрежа од синџири на исхрана;
-дека при односите меѓу живите организми преку исхраната дадени со синџири на исхрана се случува проток на енергија низ живите организми;
-дека движењето на енергијата низ живите организми(протокот на енергија) преку исхрана може да се прикаже со помош на дијаграми наречени ПИРАМИДИ НА ИСХРАНА

Час 53.Повторување за синџири на исхрана
На сите живи организми им треба енергија за да живеат.Енергијата ја добиваат преку храната.
Според НАЧИНИОТ НА ИСХРАНА(дали сами ја создаваат храната,користат готова храна или се хранат со остатоци од изумрени растенија и животни )живите организми се делат на :

1.Произведувачи-сами си создаваат храна(растенија ,алги и некои бактерии)
____________________________________________________________________

2.Потрошувачи
-се хранат со готова храна само со растенија,----------------------> само со животни или---------------> и со растенија и животни------------> |
Потрошувачите се животни кои СПОРЕД ВИДОТ НА ХРАНАТА што ја јадат се делат на :
1.тревојади 2.месојади 3.сештојади |
_____________________________________________________
3.Разградувачи ( бактерии и габи )
-се хранат со остатоци од изумрени растенија и животни.Тие ги разградуваат труповите до минерални соли и вода

СИНЏИРИ НА ИСХРАНА,ПИРАМИДИ НА ИСХРАНА
Во природата живите организми се поврзани во однос на исхраната .Таквиот поврзаност или однос во исхраната покажува што јаде секое животно.
За да се претстават односите во исхраната (кој кого јаде ) се користат синџири на исхрана.
Секој синџир на исхрана започнува со произведувач,растение или алга во зависност од тоа во која животна средина започнува тој синџир.
Тревојадите се први потрошувачи, но може како прв потрошувач да се јави и некој сештојад.После првиот потрошувач наречен примарен потрошувач,следи втор или секундарен потрошувач,па трет или терциерен потрошувач,па четврт или квартернен.И така сите тие формираат синџир на исхрана.
Еве како се прикажуваат синџирите на исхрана

Едноставен синџир на исхрана
Поосложен синџир на исхрана
.Но, за да биде синџирот потполн недостасува уште едне алка , а тоа се разградувачите (бактерии и габи),кои се хранат со изумрените животни и растенија и притоа ги разложуваат до МИНЕРАЛНИ СОЛИ И ВОДА кои растенијата повторно ги користат за создавање храна.
Но може и вака.Обрати внимание на стрелките!
Шемата за синџир на исхрана изледа вака:
Животните како потрошувачи се хранат со повеќе различни видови растенија и животни ,па затоа тие можат да бидат дел од повеќе синџири на исхрана .Така се формира една мрежаста поврзаност во исхраната на живите организми која ја нарекуваме МРЕЖА ОД СИНЏИРИ НА ИСХРАНА.
Во секој синџир на исхрана имаме проток на енергија.
Најпрво произведувачите создаваат храна и кислород преку процесот на фотосинтеза користејќи ја притоа сончевата енергија, водата од почвата и јаглеродниот диоксид од воздухот.

Преку исхраната со растенија примарните потрошувачи ќе ја користат енергијата која е заробена во растението при што дел од таа енергија ќе се потроши на движење ,топлина на телото ,а еден мал дел ќе се зачува во самото тело на животното .Тоа животно ќе биде изедено од друго животно-секундарен потрошувач, при што енергијата која била во телото на животното -примарен потрошувач се пренесла преку исхрана на секундарниот потрошувач.Дел од таа енергија добиена преку исхраната секундарниот потрошувач ќе ја потроши во движење ,затоплување, а дел ќе се зачува во градбата а телото итн. Значи во секоја фаза на ланецот на исхрана се губи енергија воглавно како топлина оскободена од телата на животните .Поради ова на секое наредно ниво на ланецот на исхрана на расолагање е се помалку енергија.
Во еден синџир на исхрана произведувачи се секогаш најбројни,потоа бројот се намаува одејќи од тревојади кон сештојади кон месојади.Ако разгледуваш било кој синџир на исхрана ќе согледаш дека најчесто тревојадите се најбројни и најситни ,а месојадите најмалкубројни и покрупни.,
Протокот на енергија во еден синџир на исхрана, бројноста на единките како и големинскиот однос на претставниците од алките во еден синџир на исхрана може да се претстави со ПИРАМИДА НА БРОЕВИ или ПИРАМИДА НА ИСХРАНА.

(Час 54. Взаемни односи кај конкретни екосистеми
(стр118,119)
Да е запознаеме со поимите ЕДИНКА ,ПОПУЛАЦИЈА, БИОТОП и БИОЦЕНОЗА. И ЕКОСИСТЕМ
Единка е претставник на одреден вид жив организам
Популација е збир на единки од ист вид кои населуваат одреден простор.
Пример единка е еден зајак на ливада ,популација се сите зајци на таа ливада.

БИОТОП е ЖИВЕАЛИШТЕТО,т.е одреден простор каде живеат живи организми.Место каде што владеат посебни еколошки фактори.
БИОЦЕНОЗА е ЖИВОТНА ЗАЕДНИЦА-сите живи оранизми кои живеат н еден простор(биотоп).Животната заедница е збир од повеќе популации.
Екосистем е функционална поврзаност на БИОТОП и БИОЦЕНОЗА.
т.е БИОТОП+БИОЦЕНОЗА=ЕКОСИСТЕМ

ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМ
ЕЗЕРСКИ ЕКОСИСТЕМ
Во еден екосистем има еколошки фактори од
-нежива природа(вода-влага,почва,темература,воздух,светлина,температура) и
-еколошки фактори од жива природа(односите влијанијата меѓу растенијата,животните ,растенијата и животните)
Велиме дека екосистемот е ФУНКЦИОНАЛНА ПОВРЗАНОСТ на БИОТОП и БИОЦЕНОЗА бидејќи животната заедница може да влијае да се промени живеалиштето ,но и промената на условите во живелиштето (промената на еколошките фактори,темпертаура влага и др.)можат да влијаат на промена на соствот на животната заедница.
Пр.1Ако имаме екосистем бара.Ако се исуши барата ќе се промени составот на живите организми кои живееле таму односно промената на биотопот-барата довела до промена на биоценозата=животната заедница.
Пр.2 Шума.Ако од некоја причина се намали бројот на дрва (настанува промена во биоценозата),тоа ќе доведе до промена на живеалиштето биотопот.Како?Ги нема веќе дрвата кои со своите корени ја задржувале почвата,па со самите дождови може плодната почва да биде однесена и на тој начин да се промени самиот биотоп.
ЕКОСИСТЕМИТЕ СЕ РАЗЛИКУВААТ ПО ОДНОС НА ГОЛЕМИНА И СОСТАВ.
Екосистем може да биде бара,река,езеро,море,ливада, шума,пустина,поарен екосистем итн.
Во една ливада БИОТОП е неживиот дел од природата во тој простор каде што се протега ливадата(почва,камења низ неа,влага,вода,воздух) , додека сите видови растенија ,животни и други живи организми кои го населуваат тој простор ја претставуваат БИОЦЕНОЗАТА односно ЖИВОТНАТА ЗАЕДНИЦА.
Во еден езерски екосистем самиот езерски простор е биотоп додек се што го населува е биоценоза.
В Е Ж Б А !
На долунаведените илустрации се претставени различни екосистеми. Одбери екосистем и одреди што е БИОТОП (живеалиште), а што БИОЦЕНОЗА(популации кои го населуваат тој биотоп).Запиши ги во работниот лист даден во WORD документ.
Час 55 Направете модел на екосистем
Час 56 .Адаптација и камуфлажа
АДАПТАЦИЈА Е (ПРИЛАГОДУВАЊЕ) ПРИСОПОСБУВАЊЕ НА ЖИВОТНОТО НА УСЛОВИТЕ ВО СВОЈАТА ЖИВОТНА СРЕДИНА.
Во текот на еволуцијата можат да опстанат само оние живи суштества што добро се приспособуваат(адаптираат ,прилагодуваат) на својата животна средина.
Животните се приспособуваат на трите главни одлики на својата околина:
1.климата
2.расположливите извори на храна и вода
3.избегнување на грабливците
ПРИЛАГОДУВАЊЕ ВО ПУСТИНА
Пустинските животни се адаптирале на тешките климатски услови во пустина.Дење температурите се до 50 степени Целзиусови ,а ноќе паѓаат до 5 степени Целзиусови.Почвата е песоклива ,врнежи има во до 250мм и количеството на вода што испарува е поголемо од количеството вода што доаѓа од врнежите.
КАМИЛАТА има скалдирано масти во нејзината грпка,има специјални бубрези кои излачуваат мало количество урина,има долги трепки кои и ги штитат очите од песокот при песочни бури,има широки стопала да не тоне во песокот,густо крзно кое ја топли во ладните ноќи ,има цврсти кожести перничиња на колената да може да клекне на жешкиот песок,ноздрви кои се отвараат и затвараат кои и помагаат да не вдише песок,груба кожеста уста која и помага да џвака тврди трнливи растенија.
ПУСТИНСКА ЛИСИЦА,ПУСТИНСКИ ЗАЈАК имаат големи уши за разладување
ПРИЛАГОДУВАЊЕ ВО ПОЛАРНИТЕ ОБЛАСТИ
Постојат две поларни области.Северна (Арктик) и Јужна (Антарктик).
И на двете поларни области е вечен мраз,со многу ниски температури,кратки лета ,долги зими.
Карактеристично животно за Арктик е поларната мечка која се прилагодила на тамошните услови ,како и многуте други животни кои живеат во тоа место.Тие имаат масни наслаги под кожата и дебело крзно да ја зачуваат топлината ,мали носеви ,муцки ,уши за да не губат многу топлина.
ГРАБЛИВЦИТЕ кои се хранат со други животни морат да бидат брзи ,да имаат добро развиени мускули,остри заби,канџи ,напрд поставени очи за да може да го фокусираат погледот на пленот,да боидат брзи за да преживеат (стр.120 од учебникот е даден пример )
ЖИВОТНИТЕ кои се хранат со растенијата мораат да се бранат од месојадите.Еден начин на одбрана е да возвраќаат одари за што се обезбедени со остри рогови.Имаат странично од главата поставени очи да можат да следат со поглед дали се риближува некој грабливец,некои од нив имаат оклопи како желките,некои имаат боцки како ежот.(пример - газела на стр. 121 од учебникот ).
СПОСОБНОСТА НА ОДРЕДЕНИ ЖИВОТНИ СЕКОГАШ ИЛИ ПОНЕКОГАШ ДА ГО ПРИЛАГОДУВААТ СВОЈОТ ИЗГЛЕД НА СРЕДИНАТА ВО КОЈА ЖИВЕАТ И РЕЧИСИ ДА СЕ ИЗЕДНАЧАТ ПО ИЗГЛЕД СО НЕА СЕ ВИКА КАМУФЛАЖА.
ТАА КАМУФЛАЖА ИМА ЦЕЛ ДА ИМ ЈА НАМАЛИ НИВНАТА ЗАГРОЗЕНОСТ,ОПАСНОСТ ПО ЖИВОТ И ДА ИМ ЈА ЗГОЛЕМИ МОЖНОСТА ДА ОПСТАНАТ.

Погледни го видеото за адаптација-прилагодување на животните во пустина
|
Час 57.Хибернација и селење
Хибернација е состојба кога при ниска надворешна температура се намалува енергетскиот метаболизам како и телесната температура на животните при што тие престануваат да се движат,да се хранат, а им престануваат и сите други активности меѓутоа тие остануваат во живот.
Меѓу цицачите пред се меѓу глодачите ,има такви кои во текот на зимата паѓаат во т.н зимски сон.Пред да паднат во зимски сон овие животни се обезбедуваат со резервна храна (масти во своето тело ) кои ги користат за да преживеат во текот на зимата. Бројот на отчукувања на срцето и дишењето се намалува, а температурата опаѓа. Во оваа состојба, на животните им треба многу малку храна. Сите потребни материи ги добиваат од мастите во своето тело, и не треба да јадат ништо друго во текот на целата зима!
Меѓутоа има и такви животни кои во текот на зимата се будат се хранат и потоа повторно паѓаат во зимски сон.
Меѓу најпознатите и најдобро проучените презимувачи се мечката,верверичка ,лилјакот,ежот,хрчакот,желки, змии,инсекти др.

Хибернација кај мечките
телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не се будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација(измет) за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа Хибернација кај верверичките
Верверичките живеат во дупки на дрвјата или копаат дупки во почвата со многу тунели,отвори и различни соби наречени комори.Тие ја собираат храната ја носат во засолништата и во текот на зимскиот сон тие се будат на секои 10-14 дена и имаат “закуска ”. Излегуваат од хибернација е во март или април т.е во почетокот на пролетта. Хибернација на лилјаците
Во есента големи групи на лилјаци бараат засолништа за во зима.При хибернацијата тие висат наопаку и ги повлекуваат своите крилја и опашки до телото за да тоа може да се задржи топло.Лилјаците хибернираат од октомври до април и се будат еднаш месечно во среде ноќ. |
Животни кои мигрираат
Животни кои мигрираат ( се преселуваат ) се оние видови животни кои различните годишни периоди или одредени климатски периоди (дождлив или сушен период) ги поминуваат во различни области заради што поминуваат голем пат.
Тука спаѓаат птици преслници ,некои пеперутки( како кралската пеперутка),некои риби (како јагула),повеќето длфини или китови.
Поголемиот број на птици се селат поради гнездење, храна, заради одгледување на млади. Пределите каде се парат,размножуваат е нивен дом, а во топлите креви заминуваатза време на зимата и поминуваат дол пат за следната пролет повторно да се вратат во родниот дом.
На птици преселници припаѓаат
Славеј,ластовица ,штрк,кукавица,жерави и др.
Постојат и птици полупреселници кои не одат на долги патувања како преселниците туку на зима од ладните северни делови одат во средна или јужна Европа.Такви се лебедите,патките,дивите гускки и др.